Дома Фудбал Италија Победи здравиот разум: Фиорентина нема да биде казнета

Победи здравиот разум: Фиорентина нема да биде казнета

astori

Слободно можеме да кажеме дека победи здравиот разум.

Непотребните најави околу казнувањето на Фиорентина поради оддавањето почит на починатиот капитен Давиде Астори се завршени, клубот од Фиренца нема да трпи никакви последици.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Управата на Серија А на денешниот состанок донесе одлука клубот да не се казнува поради непочитувањето на правилото за изглед на капитенската лента која ќе биде стандарден за сите екипи оваа сезона.

Имено, на натпреварот од италијанското првенство капитеното на Фиорентина носеше капитенската лента со бројот и иницијалите на несреќно починатиот капитен на „виолетовите“ што е спротивно од правилата.

Меѓутоа казни и последици за клубот нема да има, одлучено е денес на состанокот во Милано.

Фиорентина во следното коло игра против Наполи. Тимот од „Артемио Франки“ солидно ја започна сезоната и засега од два одиграни натпревари има максимални шест бода.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Шпанската фудбалска федерација доби нов претседател

Досегашниот потпретседател на Шпанската фудбалска федерација Педро Роча е избран денеска з…