Дома Македонски спорт Мак фудбал Победите во Лигата на Нации донесоа напредок и на ФИФА листата: Скокнавме за две позиции!

Победите во Лигата на Нации донесоа напредок и на ФИФА листата: Скокнавме за две позиции!

Како и што се очекуваше македонската фудбалска репрезентација забележа скок на најновата ФИФА ранг листа.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Избраниците на Игор Ангеловски зад себе имаат две победи на отварањето во новоформираната Лига на Нации преку која очекуваме да се избориме за историски пласман на едно Европско првенство.

Македонија овој месец славеше победи на гостувањето кај Гибралтар и во Скопје против Ерменија, двете средби ги добивме со резултат 2:0.

Во овој момент со 1.344 поени се наоѓаме на 68-тата позиција. Наредниот месец Лигата на нации носи два нови натпревари, против Лихтенштајн во Скопје и на гости во Ереван кај Ерменија.

На врвот неочекувано до првата позиција стигна Белгија која зад себе го остави светскиот шампион Франција. Во топ 10 место добија уште: Бразил, Хрватска, Уругвај, Англија, Португалија, Швајцарија, Шпанија и Данска.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Шкендија: Доколку ФФМ не ја промени одлуката, го напуштаме фудбалот во Македонија

Поранешниот македонски шампион Шкендија реагираше по казната од Фудбалската федерација на …