Екипата на Вардар доби неочекуван подарок од Загреб ППД во 12. коло од Лигата на шампионите.Последнопласираниот тим во групата го совлада забревтаниот Нант со 23:22 и на Вардар речиси му го обезбеди првото место. На “црвено-црните” им требаат двете победи на домашен терен против Пик Сегед и Висла.
Во неверојатно издание пред својата публика во „Арена“, ППД Загреб славеше победа против фаворитот Нант со и го спречи францускиот тим на кратко да го симне Вардар од врвот на табелата во Групата А од Лигата на шампионите на две кола пред крај на групната фаза. Вардарци пред утрешниот меч со ПИК Сегед се на лидерската позиција со 18 бода, Нант е втор со 17, а Барселона е на третото место со 16 бода и двата тима со натпревар повеќе.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Изненадувањето Загреб го најави уште во првото полувреме во кое поведе со 9:4, а на пауза замина со 12:8. Високата предност ја одржуваше до средината на вториот дел, а потоа Нант во неколку наврати се доближи на само еден гол негатива. По серијата од три гола во периодот од 45. до 50. минута Загреб поведе со 22:18, но Нант се доближи и беше на прагот на реми
Клучен беше одбранетиот зицер на голманот Бичаниќ на 40 секунди пред крајот при резултат 23:22 по кој ги откажа ракометарите на Нант.
Павловиќ со седум гола беше најефикасен во редовите на Загреб. Кај Нант, Клер и Гурбиндо постигнаа по четири.
Резултати од денешните натпревари во ЛШ:
Кјелце – Целје 37-31
ПСЖ – Фленсбург 29-21
Веспрем – Мешков Брест 34-22
Барселона – Висла Плоц 28-27
ППД Загреб – Нант 23-22