Екс-македонскиот голман, легендарниот Јане Николоски е нов тренер на второлигашот Победа од Прилеп.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Николоски во Победа го наследува Филип Мирчевски кој доби отказ по слабиот старт на сезоната во ВМФЛ.
Јане Николоски е големо фудбалско име во македонската јавност, а во кариерата како тренер ги водеше екипите на: АЕЛ Лимасол, Хоризонт Турново, Победа, Слога Виница, Борец…Исто така беше задолжен и за младите категории во Победа.
Последниот ангажман во македонскиот фудбал пред враќањето во Прилеп, Николоски го имаше во Шкупи каде што работеше како спортски директор.