Шкупи имаше шанса да го преземе врвот на табелата со денешен триумф во Кратово, но шансата чаирчани не ја искористија.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Фаворитот во Кратово кај Силекс гостуваше со амбиција да победи и да ја симне Струга која вчера од врвот на табелата, но на крајот беа поразени со 2:1. Натпреварот беше отворен уште во четвртата минута со вистинско ремек дело на Србинот Милосављевиќ.
По половина час Силекс дојде и до 2:0. Во листата на стрелци се запиша екс-напаѓачот на Шкупи, Марко Ѓорѓиевски. Се обиде Шкупи во вториот дел да дојде до пресврт, но успеа само да постигне еден гол преку Данфа за ублажување на поразот.
Струга така и со три нерешени во низа останува лидер со 39 бода и два повеќе од Шкупи. Шкендија е трета со 31, Силекс петти со 26.
Во останатите натпревари минималнји победи забележаа Шкендија против Победа и Брегалница против Работнички, додека Скопје и Тиквеш одиграа без голови.