Во денешниот терми од 15:00 часот се одиграа четири натпревари во македонската Прва лига.
Струга Трим Лум со минималната победа на гости кај Работнички 0:1 ја зголеми предноста во однос на Шкупи кој одигра реми 1:1 со Академија Пандев.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Шкупи во 24-тата минута остана без Али Адем кој грубо стартуваше над Донов. Стартот на Адем беше еден од најгрубите кои во последно време сме ги виделе во македонскиот фудбал, па директниот црвен картон дефинитивно го заслужи.
— Stefan Daskalov (@StefanDaskalov5) March 18, 2023
Иако со играч помалку Шкупи го заврши првиот дел со предност, во листата на стрелци по половина час игра се запиша Грузиецот Маргвелашвили. Кристијан Велиновски на десетина минути пред крајот донесе бод за струмичкиот тим.
Најубедлива победа денес запиша Силекс кој на гости кај Победа славеше со 1:5, додека Македонија Ѓорче Петров на гости во Кавадрци славеше со 0:1.
Фото: ФК Работнички