Дома Македонски спорт Мак фудбал ПМФЛ: Ренова и Академија Пандев го отвараат 15.коло!

ПМФЛ: Ренова и Академија Пандев го отвараат 15.коло!

15.коло во македонската прва лига го отвараат екипите на Ренова и Академија Пандев со натпреварот во 13:00 часот во Тетово.

Академија Пандев е второпласирана, а Ренова трета двете екипи ги делат три бода. Станува збор за едни од најефикасните екипи сезонава во ПМФЛ, струмичани постигнаа 24 гола, додека фудбалерите на домаќинот само еден помалку.


Одиме јако! Не чека ЛУД викенд! ↓↓↓


Мартин Мирчевски, напаѓачот на Академија Пандев со 15 гола е убедливо првиот стрелец, додека втор е Ремзи Селмани од Ренова со 10 постигнати гола. Сите најави се дека денес во Тетово ќе гледаме голови, па останува да видиме дали ќе биде така.

Академија Пандев е во серија на добри резултати, а Ренова минатото коло против Борец ја запиша првата победа (1:4) после три натпревари без триумф (два порази, едно реми).

Ќе потсетиме ова ќе биде единствениот натпревар кој се игра денес останатите средби од ова коло се на програмата утре.

Фото: ФК Академија Пандев

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

„Нема пари за кој би преминал во Јувентус – тоа би било чекор назад во мојата кариера“

Фудбалерот од редовите на Болоња, Рикардо Калафори е желба на Јувентус, меѓутоа тој сега и…