Maкедонија Ѓорче Петров и Брегалница одиграа натпревар без голови во Ѓорче.




Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Во последниот натпревар од 15. коло штипјани можеби имаа повеќе шанси, но домаќините прикажаа голема борбеност. На крајот изостанаа головите. Така двете екипи ги поделија бодовите.




Инфериорноста не ги спречи штипјани да се изборат за најголемата шанса по 24 минути игра. Милан Џокиќ имаше среќа и стигна до топката, па биеше со левата нога, но ударот заврши во ногата на голманот Христијан Стевковски. Македонија Ѓорче Петров возврати преку Воша и Скендери меѓутоа резултатот не се промени.




Двете екипи ги задржиа своите позиции по ова кола, „лавовите“ се седми, Брегалница шеста.