Денес во рамките од ПМФЛ се одиграа пет натпревари.
Изненадувањето на колото можеби го приреди Работнички кој успеа да ја совлада Шкендија на Арената „Тодоро Проески“. Натпреварот беше отворен со еден прекрасен гол на Марио Станковски во 22. минута, меѓутоа Шала изедначи само една минута подоцна. Конечните 2:1 беа поставени во вториот дел со голот на Рушевиќ.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Академија Пандев забележа убедлива победа од 5:0 против Борец на свој терен, па со оглед на ремито на Шкендиај ги прескокна на табелата и сега тие се втори зад лидерот Шкупи кој ова коло одигра 0:0 со Ренова. Шкупи има 52 бода, Академија Пандев 42, Шкендија 41…
Македонија Ѓорче Петров одигра еден одличен натпревар и на гости ја победи Струга со 1:2, Брегалница на свој терен само ја продолжи агонијата на Пелистер кој и по ова коло остана без првата победа сезонава во ПМФЛ.
Фото: ФК Работнички