Дома Македонски спорт Мак фудбал ПМФЛ: „Нула“ на Шкендија и А.Пандев во дербито, Шкупи го доби Тиквеш

ПМФЛ: „Нула“ на Шкендија и А.Пандев во дербито, Шкупи го доби Тиквеш

Денес во рамките од 21. коло во македонската прва фудбалска лига се одиграа четири натпревари.

Во дербито на денот се сретнаат Шкендија и Академија Пандев ова беше дуел на второпласираната и третопласираната екипа на табелата, на крајот натпреварот заврши без голови што најмногу му одговараше на лидерот Шкупи.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


Шкупи ја оправда фаворитската улога и забележа победа од 3:1 на домашен терен против Тиквеш. Натпреварот беше отворен пред крајот на првото полувреме кога погоди Куевен за 1:0. По 15-тина минути игра во второто полувреме преку пенал Адетунџи зголеми на 2:0. Голот за надеж за Тиквеш го постигна Стојков во 77. минута. Во последните десет минути видовме два гола. Прво Шкупи со вториот гол на Адетунџи зголеми на 3:1 за конечните 3:2 да ги постави Нгоба.

После ваквиот развој на настаните на врвот на табелата Шкупи има 51 бод, Шкендија е втора со 41, Академија Пандев трета со 39 бодови.

Работнички во Автокоманда освои важни три бода победувајќи го Шкупи  со 0:1. Единствениот гол на натпреварот го постигна Максимов во првото полувреме.

Со истиот резултат заврши средбата помеѓу Борец и Струга. Струга Велес го напушти победнички, а човек на одлука беше Шабани во 51. минута.

Натпреварот кој требаше да се игра во Битола помеѓу Пелистер и Ренова поради големите снежни врнежи е одложен за утре од 14:00 часот и ќе се игра во Охрид.

Фото: ФК Шкендија

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

МЗТ: Не сме маалски клуб, нема да дозволиме да се шират лаги и невистини!

Екипата на МЗТ Скопје поминува низ еден тежок период, а клубот сега се огласи со соопштени…