Дома Македонски спорт Мак фудбал ПМФЛ: Вардар ја „ОСВОИ“ Битола, стрелаше Блажевски, Шкендија подобра од Скопје

ПМФЛ: Вардар ја „ОСВОИ“ Битола, стрелаше Блажевски, Шкендија подобра од Скопје

Во терминот од 15:30 часот во македонската прва лига беа одиграни четири средби, а победи забележаа екипите на Шкендија, Вардар, Академија Пандев и Силекс.

Дербито на колото се одигра во Битола, Пелистер го пречека вечниот ривал Вардар. Натпреварот започна мирно, без поголеми шанси, а нешто поголема иницијатива имаа вардарци, но првата голема шанса на натпреварот ја имаа домаќините во 27 минута од средбата, но Петров не успеа да го стигне уфлувањето од левата страна. Само четири минути подоцна стигна казната, Блажевски упати прецизен удар и го совлада чуварот на мрежата на домаќините.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Во вториот дел домаќините заиграа многу подобро се редеа шанси пред голот на Гачевски, но погодок немаше, Пелистер најголемите шанси за израмнување ги пропушти преку Пеев и Трифуновски. На крајот актуелниот македонски шампион запиша минимална победа од 0:1.

Шкендија продолжува со одличните резултати во првенство овој пат совлада беше тимот на Скопје. Иако натпреварот за гостите од Тетово не започна баш најдобро, Мишевски со одличен погодок од слободен удар донесе изненадувачко водство за домаќинот. Сепак, Бесарт Ибраим кој уште еднаш ја покажа својата одлична форма погодува за израмнување на пет минути пред крајот на првиот дел. Конечните 1:2 ги постави Хасани во 80 минута.

Работнички после големиот пресврт минатото коло и победата против Победа од 2:4, овој пат повторно беше поразен. Гостите од Струмица, Академија Пандев славеа над „романтичарите“ со резултат 1:2. Жефри Чинеду погоди за предност на домаќинот уште во осмата минута, а израмни Јованов од пенал во 27 минута. Важна победа за тимот од Струмица донесе Мишов на петнаесетина минути пред крајот на средбата.

Победа во дебитантскиот натпревар на новиот тренер Славољуб Бубоња, запиша пораз на гостувањето во Кратово против Силекс, единствениот погодок на натпреварот беше дело на Кристијан Филиповски во 53 минута од средбата

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Репрезентативците се собраа во Анталија🎥

Фудбалската репрезентација на Македонија денеска го има првиот собир во Анталија, во преср…