Од финалето на Мундијалот веќе помина повеќе од месец, а сега на таа тема зборуваше славниот Французин, Мишел Платини.
Франција стана светски шампион, но поранешниот претседател на УЕФА иако самиот е Французин тврди дека Хрватска била оштетена во финалето.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Во финалето при една ситуација се користеше ВАР технологијата, а еве што Платини имаше да каже.
„ВАР го убива фудбалот, покрај тоа и не донесе поголема праведност во овој спорт! Ја познавам ФИФА нивна работа е да пронајдат статистика која им одговара. Во најдобар случај видеозасписот навистина може да помогне кога се одлучува дали топката ја поминала гол линијата или не, како и кај офсајдот“, изјави Платини, па нагласи:
„Во финалето на Мундијалот се користеше ВАР, но при првиот гол на Франција немаше прекршок. Кај пеналот ВАР судијата го повика главниот судија кој стана еден вид на кукла“, смета Платини.
Платини знае и зошто судиите го сакаат ВАР.
„Сите судии го сакаат ВАР затоа што им го покрива грбот, судиите секогаш се на страната на оној кој ги храни“, заклучи Французинот.