Дома Фудбал Англија Платата на Солскјер е „смешна“ во однос на таа на Мурињо

Платата на Солскјер е „смешна“ во однос на таа на Мурињо

Манчестер Јунајтед утрово и официјално потврди дека Оле Гунар Солскјер ја добил довербата од раководството на клубот во наредните три години да ги предводи „црвените ѓаволи“ од клупата.

Солскјер на клупата на Манчестер Јунајтед седна на 19-ти декември кога го наследи Жозе Мурињо. Јунајтед го доведе Норвежанецот како привремено решение, но со фантастичните резултати кои ги постигна го убеди клубот да му даде траен договор.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Од неговото доаѓање Манчестер Јунајтед започна да игра многу подобро и на 19 натпревари запиша 14 победи, два нерешени натпревари и три порази. Солскјер успеа да го елиминира и Пари Сен Жермен и со Јунајтед да обезбеди четвртфинале во Лигата на шампионите.

„Од првиот ден кога пристигнав во овој клуб се чуствувам како дома. Имав чест да бидам играч на Манчестер Јунајтед, а потоа и да ја започнам мојата тренерска кариера тука. Последните неколку месеци беа фантастично искуство за мене и сакам да се заблагодарам на сите тренери, играчи и персонал во клубот за се што направивме во овој период. За вакво нешто сонував од самиот почеток и возбуден сум што ќе имам прилика на подолг период да бидам тренер на Манчестер Јунајтед“, изјави Солскјер.

Сега англиските медиуми ги открија и деталите од договорот кој го потпиша Норважанецот. Имено, Солскјер годишно на „Олд Трафорд“ ќе добива 7 милиони фунти. Само за споредба, тоа е помалку од половина од сумата која ја добиваше Жозе Мурињо.

Имено, „Специјалниот“ за време на неговиот престој во Манчестер Јунајтед добиваше 18 милиони евра по сезона.

https://youtu.be/FXgeSjKGLpE

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Заслужено:Палмер најдобар млад играч во Премиер лигата

Фудбалерот на Челзи Кол Палмер е најдобриот млад играч во Премиер лигата оваа сезона. Игра…