Дома Фудбал Англија Планот за доигрување на Премиер лигата: Во првото коло по враќањето не чека вистинско дерби!

Планот за доигрување на Премиер лигата: Во првото коло по враќањето не чека вистинско дерби!

Се појасно станува дека најдобриот англиски фудбал ќе се врати за еден месец, а „Дејли Мејл“ денес откри некои детали.

Поради ТВ правата Премиер лигата би се играла по следниот принцип – по еден натпревар во петок и понеделник и по четири во сабота и недела.  За почеток во првото коло после пандемијата не чека вистинско дерби, Жозе Мурињо со Тотенхем ќе игра против Манчестер Јунајтед.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Овој натпревар беше на програмата во недела на 15. март, но тој викенд беше одложен фудбалот во цела Европа.

Јасно е дека натпревари ќе се играат и во средина на неделата, се очекува да има неколку вонредни кола затоа што има уште девет, но има и некои заостанати натпревари, поточно некои тимови мораат да одиграат уште 10 натпревари.

Планот како и за сите останати првенства е Премиер лигата да биде завршена до крајот на јули.

Преостана да добиеме уште конечна одлука за враќањето на терените, односно дали Тотенхем и Јунајтед ќе играат на 12. или 19. јуни, но се на се броиме ситно.

Ливерпул ќе стане нов шампион, меѓутоа ќе биде интересна борбата за пласман во Лигата на шампионите, за тоа место ќе се борат Тотенхем и Манчестер Јунајтед. Интересно ќе биде и во борбата за опстанок.

Потсетете се како изгледаше табелата пред прекинот на првенството:

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Арне Слот потврди: Преговорите се во тек, сакам да бидам тренер на Ливерпул

Eкипата на Ливерпул и холандскиот тренер Арне Слот се блиску до договор за соработка, потв…