Вчера Јувентус беше поразен од Порто, а спорна ситуација се случи во последните минути кога Заиду го собори Роналдо во шеснаесетникот.
Голем дел од стручните коментатори ширум Европа го делеа мислењето дека Јувентус во таа ситуација требало да добие пенал.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
„Мислам дека беше пенал, судијата ни даде објаснување дека мечот бил завршен и затоа не сакал повторно да ја гледа ситуацијата. Чудно е затоаш то станува збор за шанса која може да влијае на конечниот резултат. Мораше да има храброст после прегледувањето на снимките да досуди пенал иако натпреварот беше завршен“, изјави Пирло.
Ќе потсетиме таква ситуација за која што зборува Пирло веќе видовме од кога е воведен ВАР и тоа на еден натпревар на Манчестер Јунајтед и на мечот во Бундеслигата помеѓу Мајнц и Фрајбург.