Дома Фудбал Италија Пирло се огласи по отказот: Ги остварив поставените цели

Пирло се огласи по отказот: Ги остварив поставените цели

Јувентус денес и официјално објави дека Андреа Пирло повеќе не е тренер на првиот тим.

Отказот на Пирло се најавуваше и во претходните денови, па денес се само беше потврдено. По отказот се огласи Пирло.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


„Мојата прва сезона како тренер е завршена. Беше ова комплицирана и чудесна сезона во исто време. Кога Јувентус ме контактираше не размислував, иако ризиците беа очигледни. Преовладуваше почитта кон клубот, но и мојата желба да го водам клубот на највисоко нво. И да се вратам назад сега истото би го направил со сите препреки со кои се соочив. Меѓутоа, јас ги остварив поставените цели. Оваа авантура заврши на начин на каков што не очекував“, порача легендарниот Италијанец и се заблагодари на сите кои беа покрај него.

Пирло Јувентус го водеше на 52 натпревари и оствари учинок од 34 победи и осум порази.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Миовски избран за најдобар фудбалер на сезоната во Абердин

Македонскиот фудбалски репрезентативец Бојан Миовски ја доби наградата за најдобар фудбале…