Дома Фудбал Пирло: Се надевам дека Роналдо ќе се врати брзо, немам опции

Пирло: Се надевам дека Роналдо ќе се врати брзо, немам опции

Андреа Пирло призна дека неговите планови во натпреварот против Барселона не успеале.

Барселона вчера го победи Јувентус на гости со 0:2 во рамките од групната фаза од Лигата на шампионите.

„Мораме да работиме за да дојдеме до нивото на игра на Барселона. Знаевме дека ќе биде тешко затоа што тие се навикнати на вакви натпревари. Овој натпревар ќе ни помогне да растеме и да се поправиме во иднина“.

На Јувентус му недостасуваа неколку играчи за овој натпревар, а помеѓу нив беше и Кристиано Роналдо.

„Се надевам дека брзо ќе се врати бидејќи немам многу опции. Играме два пати неделно и играчите се уморни. Сакавме да ја рашириме одбраната на Барселона, но не ни успеа“, изјави Пирло.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Тотенхем го мерка Крупи: За напаѓачот на Борнмут се споменуваат 100 милиони фунти

Ели Жуниор Крупи се поврзува со јануарски трансфер во Тотенхем, но засега нема конкретна п…