„Газета дело Спорт“ пренесува дека Андре Пирло би можел повторно да се приклучи на италијанската репрезентација.
Пирло во зависност од тоа кој ќе биде новиот селектор би можел да добие улога во стручниот штаб на репрезентацијата.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Пирло, кој ја заврши кариерата минатата година, изјави дека би бил многу среќен да работи со Конте или Анчелоти кои се главни кандидати за селекторското место.
Според „Газета дело Спорт“ Пирло би можел да се приклучи во италијанската репрезентација уште пред изборот на нов селектор.
Пирло е легенда на италијанскиот фудбалер, а за репрезентацијата запиша 116 настапи на кои постигна 13 гола и одигра клучна улога во освојувањето на светската титула во 2006 година.