Дома Фудбал Италија Пирло после новата катастрофа на Јувентус: Оставка? Не, не се откажувам

Пирло после новата катастрофа на Јувентус: Оставка? Не, не се откажувам

Јувентус синоќа во Торино е поразен од Милан со 3:0 во големото дерби на 35. коло во италијанската Серија А.

Тимот на Андреа Пирло одигра катастрофален натпревар. Бјанконерите скоро и да не заканија по голот на Росонерите, кои на крајот заслужено славеа.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Пирло после натпреварот ја прифати одговорноста за поразот, но верувал дека неговиот тим ќе одигра многу подобар натпревар.

„Тимот изгледаше добро во текот на неделата. Имавме вистински пристап и бевме сконцентрирани. Бевме убедени дека ќе одиграме добар натпревар.“ – рече Пирло и додаде:

„Оставка? Не, не се откажувам. Дојдов овде со голем ентузијазам и покрај бројните потешкотии. На располагање сум на клубот. Имаме уште три натпревари и ќе останам овде додека можам.“

Тимот од Торино моментално е петти на табелата во Серија А, а до крајот а сезоната останаа уште три тешки натпревари.

Јувентус до крајот на сезоната игра против Сасуоло, Интер и Болоња.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Пиоли заминува, Милан спреми список од три имиња

Tимот на Милан нема баш најдобри резултати сезонава, па поради тоа започнува да се тресе и…