Легендарниот Андреа Пирло наскоро би можел да пронајде нов клуб.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Имено, Пирло доби повик да ја преземе португалска Бенфика. Пирло остана без работа откако беше сменет во Јувентус минатата сезона, а во последните месеци се поврзува со бројни клубови.




До договор не дојде, а Пирло бил контактирал од неговиот поранешен соиграч, денес претседател на Бенфика, Руи Коста.




Бенфика е на третото место во португалското првенство, додека во Лигата на шампионите ќе игра против Ајакс. Челниците на клубот не се задоволни многу од настапите на тимот во првенството и позицијата на Жорге Жесус не е сигурна.