Дома Фудбал Италија Пирло: Одбив понуди од Серија А и Премиер лигата

Пирло: Одбив понуди од Серија А и Премиер лигата

Италијанската фудбалска легенда Андреа Пирло откри дека одбил понуди од тимови во Премиер лигата за да го преземе младинскиот состав на Јувентус како тренер.

Вчера поранешниот фудбалер беше официјално промовиран за тренер на „бјанконерите“ до 23 години, кои настапуваат во третото ниво на италијанскиот фудбал.


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


„Имав многу тренери, сите ме научија многу – Карло Анчелоти, Марчело Липи, Антонио Конте и Масимилијано Алегри, но мислам дека секој треба да работи на свој начин. Мојот тим ќе мора да игра добро, секогаш ќе мора да игра за да победи. Како играч, мразев многу работи и не сакам да ги гледам како тренер“, истакна Пирло.

„Имав и понуди од екипи на Серија А и Премиер лигата, но почувствував дека ова е местото за да ја започнам мојата тренерска кариера. Од моментот кога престанав да играм, учам и се спремам за тренерска кариера. Мислам дека Јувентус е идеално место за да започнам ново поглавје“, додаде Пирло.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Како за Барселона во Франција, така за ПСЖ во Шпанија! 🎥

Пред реваншот во четвртфиналето од Лигата на шампионите помеѓу Барселона и Пари Сен Жермен…