Во фудбалската јавност се уште се зборува за Суперлигата.
На таа тема сега зборуваше тренерот на Јувентус Андреа Пирло.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Не се плашиме од казна од УЕФА и фокусирани сме на тоа што треба да го правиме. Ова е наша работа и убедени сме дека ќе ги оствариме нашите цели. Мирни сме по прашањето што ќе одлучи УЕФА“, изјави Пирло.
Од Суперлигата нема ништо, а пласманот во Лигата на шампионите е импертив за Јувентус.
„Атмосферата е позитивна, сакаме да ја завршиме сезоната на најдобар начин“.
Ќе потсетиме првиот човек на Јувентус, Андреа Ањели заедоно со Флорентино Перез беа предводници на идејата за Суперлигата.