Aндреа Пирло наскоро би можел да се врати на тренерската работа.
Од заминувањето од Јувентус кадеш то не се прослави минатата сезона, Пирло е без ангажман, а наскоро би можело тоа да се промени. Откако дури четворица тренира го одбија повикот на Валтер Сабатини да ја преземат Салернитана редот дојде на Пирло.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Стефано Колантуно, Џенаро Гатузо, Делио Роси и Клаудио Раниери ги одбија понудите на првиот човек на Салернитана која е пат да се врати во Серија Б. Сега Сабатини се обидува со Пирло.
Пред Пирло е понуда за договор на четири години и тоа е знак дека му веруваат без оглед на тоа дали клубот ќе остане во елтитата или не.
Салернитана доведе двоцифрен број на играчи оваа сезона во надеж дека ќе успеат некако да изберат опстанок во Серија, но во овој момент тие имаат само 12 бодови, девет помалку од Венеција која е прва над опасната зона.