Дома Фудбал Лига на шампиони Пирло и Дел Пиеро со свој коментар за вчерашното издание на Јувентус

Пирло и Дел Пиеро со свој коментар за вчерашното издание на Јувентус

del piero pirlo

Во првиот осминафинален натпреввар Атлетико вчера го совлада Јувентус со 2:0 на „Ванда Метрополитано“.

Мадриѓаните на италијанскиот шампион му приредија вечер за заборав и го ставија во тешка позиција пред реваншот во Торино. Овој натпревар на Јувентус за италијанскиот „Скај“ го коментираа две клупски легенди на „старата дама“ – Андреа Пирло и Алесандро Дел Пиеро.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Поранешниот играч за врска не штедеше критики на сметка на неговиот поранешен тим.

„Јувентус можеби се плашел од атмосферата на гостински терене? Тим кој се плаши од противничките навивачи и нивната пеколна атмосфера не може да се надева на освојување на Лигата на Шампионите. На теренот изгледаше како Атлетико да дојде за да победи, а Јувентус само колку да игра“, смета Пирло.

За „Скај“ свое мислење даде и легендарната „десетка“ на Јувентус, Алесандро Дел Пиеро.

„Јувентус мора да направи нешто повеќе од она што го видовме против Атлетико. За Алегри овие денови има премногу прашања. Според мене топката мора повеќе да се движи и да напаѓаме надвор од зоната. Симеоне одлично ја имаше поставено играта, Атлетико беше одличен“, порача Дел Пиеро.

Низ италијанските медиуми може да се прочита дека реваншот е клучен за иднината на Алегри. Многумина сметаат дека доколку Јувентус не обезбеди место во четвртфиналето на Алегри ќе му биде покажана излезната врата.

https://www.youtube.com/watch?v=VySg8FRHdPE

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Шпанската фудбалска федерација доби нов претседател

Досегашниот потпретседател на Шпанската фудбалска федерација Педро Роча е избран денеска з…