Тренерот на Јувентус Андреа Пирло е само осмиот тренер кој успеал да го одведе клубот до едно финале во Купот на Италија во својата прва сезона.
Јувентус вчера одигра 0:0 против Интер и поради победата од првиот натпревар во Милано 1:2 „старата дама“ обезбеди финале каде што ќе игра против подобриот од дуелот помеѓу Аталанта и Наполи.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Секој меч е поинаков и за секоја различно се спремаме. Интер скоро и да немаше шут на гол, а ние имавме шанси и задоволни сме“, изјави Пирло.
Како што споменавме Пирло е осмиот тренер кој во својата прва сезона со еден клуб ќе игра финале. Пред него тоа им успеа на: Роберто Манчини, Кристијан Бројки, Симоне Инзаги, Пјетро Карминијана, Бруно Конти, Владимир Петковиќ, Рафаел Бенитез и Ауерелио Андрацоли.
„Јас од почетокот планирав да играме финале во купот, како и да го освоиме Суперкупот, а во ЛШ да обезбедиме осминафинале“, порача Пирло.