Андреа Пирло е легенда на италијанскиот фудбал и еден од најдобрите италијански фудбалер во поновата историја.
Пирло е еден од ретките фудбалери кои го носеле дресот на трите најголеми италијански клубови, притоа освои се што можеше да се освои како на клупско така и на репрезентативно ниво.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Иако во последните години од кариерата Пирло со голем успех го носеше дресот на Јувентус, сепак признава дека за него специјален е дресот на Милан каде помина цели 10 години.
„После 10 години во Милан имав потреба од промена и нов стимул. Пронајдов голем клуб кој ми помогна да го вратам стимулот и успеав да освојам трофеи со дресот на Јувентус“.
„Меѓутоа, дресот на Милан за мене е нешто специјално, бидејќи таму ги поминав првите 10 години како вистински фудбал и таму пораснав и како фудбалер и како човек. Тоа се 10 фантастични години во кои освоивме се и секогаш ќе бидам приврзан за тој клуб и тој дрес“, открива Пирло.