Aндреа Пирло смета дека знае поради што Интер не славеше во вчерашниот натпревар против ПСВ и остана без нокаут фазата во Лигата на шампионите.
Сите знаеа дека на Тотенхем ќе му биде тешко на „Камп Ноу“ без разлика во каков состав ќе игра Барселона, но веруваше ли некој дека Интер нема да победи?
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
На крајот второто се случи, Интер одигра 1:1 против ПСВ, па со оглед на тоа и дека натпреварот помеѓу Тотенхем и Барселона заврши со истиот резултат „петлите“ обезбедија место во елиминационата фаза.
Пирло денес зборуваше за проблемите на Интер.
„Во овој момент Интер има два големи проблеми. Перишиќ очигледно не е доволно спремен и тој не може да прави разлика ако игра вака. Наинголан е доведен да биде клучен играч, но него го нема никадие. Интер без нив двајца не е опасен“, изјави Пирло.
Легендарниот италијански фудбалер беше член на Интер од 1998 година до 2001 година.