Денес на прес-конференцијата пред утрешниот натпревар помеѓу Јувентус и Барселона зборуваше стратегот на „старата дама“, Андреа Пирло.
Пирло потврди дека Кјелини поради повреда ќе го пропушти овој натпревар, а Леонардо Бонучи е под знак прашлник. Бонучи денес не тренираше, меѓутоа постои можност утре да настапи. Од претходно Де Лихт не е во комбинација, Холанѓанецот тренира, но докторите се уште не дале зелено светло да се врати на теренот.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Се поставува и прашањето дали Роналдо ќе може да игра? Пирло потврди дека во текот на деншниот ден, веројатно вечер ќе ги добијат резултатите од неговиот тест, ако тој биде негативен Роналдо ќе може да игра.
„Вечерва ќе добиеме одговор за Роналдо, Кјелини сигурно не игра, за Бонучи утре ќе знаеме. Де Лихт тренира, но лекарскиот тим се уште не дал зелено светло“, јасно истакна Пирло.
Потоа зборуваше за противникот.
„Барселона е тим со големи шампиони, ако сакаме позитивен резултат ќе треба да бидеме на високо ниво. Играчите треба да одиграат најдобро што знаат“, порача стратегот на Јувентус.