Aндреа Пирло дефинитивно беше еден од најдобрите фудбалери во светот.
Овој легендарнен играч за врска кариерата ја започна во Бреша, а потоа играше за Интер, Реџина, Милан, Јувентус и Њујорк Сити каде што ја заврши кариерата во 2018 година. Низ кариерата Пирло освои бројни трофеи меѓу кои и Лигата на шампионите. Сепак, најтешкиот момент го доживеал после финале во ова натпреварување.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Најтешкиот момент во мојата кариера се случи во 2015 година. Претрчав многу километри и играв многу финалиња, но најтешко ми беше после поразот против Барселона во 2015 година во финалето од Лигата на шампионите“.
„Во 90. минута губевме со два гола разлика. Се свртев околу себе и видов многу фудбалери на Барселона. Сакам да им се заблагодарам на Чави и Иниеста за тоа што таа вечер изгледав како 20-годишник на теренот. На крајот од тој натпревар плачев како никогаш во животот. Сакав да се простам од фудбалот со титула во Лигата на шампионите“, призна Пирло.
Барселона во тоа финале со 3:1 славеше против Јувентус и ја освои титулата европски шампион.