Андреа Пирло има ултиматум да победи во градското дерби против Торино и против Наполи за да ја зачува работата во Јувентус.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
„Газета дело Спорт“ пренесува дека ако Јувентус не победи во следните два натпревари, Пирло сигурно ќе добие отказ.
После шокантниот пораз од Беневенто „бјанконерите“ заостануваат 10 бода зад лидерот Интер, а беа елиминирани од Порто во Лигата на шампиони.
Атмосферата во клубот е наружена, па претседателот Ањели веќе сериозно размислува за тренерска смена.
Сепак, Пирло добил шанса со победа во следните два натпревари да го спаси своето тренерско столче.