Дома Фудбал Италија Пирло го советува Јувентус: Купете го Иско ако сакате триумф во ЛШ!

Пирло го советува Јувентус: Купете го Иско ако сакате триумф во ЛШ!

Бившиот плејмејкер на Јувентус, Андреа Пирло смета дека на тимот му треба засилување во средниот ред доколку сака да ја освои Лигата на шампиони следната година.

Притоа, Пирло му посочи еден фудбалер на „бјанконерите“ кој според него ќе биде идеално засилување.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Јувентус има потреба од Иско. Средниот ред е местото кое Јувентус мора да го засили. Мислам дека тренерот Алегри веќе го знае тоа. Роналдо пристигна, но тимот не можеше да обезбеди доволно топки за него. За успех во Лигата на шампиони имаш потреба од силен среден ред“, истакна Пирло.

Оваа сезона Иско падна во „немилост“ на тренерите на Реал Мадрид, па долго се шпекулираше дека може да си замине. Сепак, враќањето на Зинедин Зидан ги промени работите и Шпанецот повторно е важен дел од „кралскиот“ тим.

Пирло притоа му го посочи на раководството Покетино како идеален тренер за Јувентус.

„Покетино има се што треба за да биде тренер на Јувентус. Тој е модерен тренер, а под модерен не се подразбира само стилот на игра, туку се. Долго време работи во Европа, има големо искуство и одлично би се вклопил во Јувентус“, смета Пирло.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Шпанската фудбалска федерација доби нов претседател

Досегашниот потпретседател на Шпанската фудбалска федерација Педро Роча е избран денеска з…