Дома Фудбал Останато Пирло го советувал Гатузо за Пакета, но стратегот на Милан не го послушал

Пирло го советувал Гатузо за Пакета, но стратегот на Милан не го послушал

Поранешниот фудбалер на Милан Андреа Пирло откри дека пред неколку дена имал разговор со стратегот на „росонерите“, Џенаро Гатузо, а во таа прилика му дал и некои совети.

Пирло и Гатузо разговарале на многу теми. Во еден момент на нивниот „дневен ред“ дошол фудбалерот кој оваа зима пристигна во Милан, Бразилецот Лукас Пакета.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Легендарниот играч за врска сакал да го види Пакета на друга позиција каде што сметал дека подобро ќе се снајде и му предложил на Гатузо да го стави на друго место во тимот, но стратегот на Милан не го послушал.

„Пред некој ден имав разговор со Гатузо. Му кажав да се обиде да го стави Пакета на друга позиција од онаа на која игра. Но, моите зборови немаа некој ефект, Пакета повторно играше на истата позиција“, изјави Пирло.

Иако совет од фудбалер кој во текот на својата кариера доби прекар фудбалски „Моцарт“ сигурно е добредојден, Гатузо нема потреба премногу да менува бидејќи неговиот Милан во последно време игра во одлична форма и сега се наоѓа на третата позиција во италијанското првенство.

Инаку, вчера италијанскиот „Кориере дело Спорт“ во јавноста пласираше вест дека Пирло води преговори со Јувентус за превземање на младинскиот на „старата дама“.

Според информациите Пирло на клупата на младинскиот тим на Јувентус би требало да седне наредната сезона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Босански голман го збесна Роналдо: Португалецот не постигна гол од седум зицери

Фудбалерите на Ал-Насра го победија Ла-Калееј на гости во 29. коло од Саудиската Про лига …