Дома Фудбал Италија Пирло го избра напаѓачот за ‘својот’ Јувентус

Пирло го избра напаѓачот за ‘својот’ Јувентус

Како што пренесуваат медиумите во Италија новиот тренер на Јувентус, Андреа Пирло го избрал напаѓачот за ‘својот’ Јувентус.

Во конкуренција за нападот на Старата дама претходните неколку недели имаше неколку имиња, барем според медиумите, а Пирло даде конечен одговор и кажа – Раул Хименез.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Станува збор за напаѓач кој игра фантастична сезона во дресот на Волвс.

Мексиканецот оваа сезона одигра 54 натпревари и постигна 27 погодоци.

Освен Хименез, со Јувентус во последните недели, кога нападот е во прашање се поврзуваше и играчот на Наполи, Милик.

Сепак, се чини дека новиот тренер донел конечна одлука и дека Старата дама наскоро ќе тргне во лов на Хименез. 29-годишниот нашаѓач според Трансфермаркт вреди 40 милиони евра, но се претпоставува дека Волците ќе бараат многу повеќе.

Инаку, до сега како единствен класичен паѓач во Јувентус беше Гонзало Игуаин, но после лошата сезона за него авантурата во Торино е завршена.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Генијалноста на Анчелоти која го одведе Реал до полуфиналето во ЛШ без два стартни стопери и двата први голмани

Карло Анчелоти, го предводеше својот клуб до полуфиналето на Лигата на шампионите и дуел п…