Јувентус сезона е во тешка борба за да избори настап во Лигата на шампионите наредната сезона, Милан и Јувентус имаат по 66 бода, Аталанта 68, Наполи 63 и натпревар помалку, а и Лацио не е целосно откажан.
Од сите клубови Јувентус можеби има најтежок распоред, ќе играат со директните ривали, ако се погледне играта на „старата дама“ не изгледа дека без пробле можат да се изборат да бидат во топ 4.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Сигурно не сакам ваков Јувентус“, изјави Пирло после вчерашното реми во Фиренца.
Роналдо застана, се гледа фрустрацијата, навивачите го изгубија трпението и мислат дека треба да се пресели на клупата, а такво нешто тешко дека ќе се случи.
Фабио Партичи даде изјава во која потврди дека Пирло ќе остане тренер ако Јувентус се избори за ЛШ.
„Пирло сигурно останува тренер ако бидеме во топ 4“, изјави Партичи.
Но, и позицијата на Партичи не е сигурна, тој и Недвед го убедија Ањели да го доведе Сари, а потоа го сменија искусниот тренер. Не е дека Јувентус беше кој знае колку подобар минатата сезона, но изгледаше подобро, на крајот и ја освоија титулата, а не стравуваа дека можат да останат без ЛШ.
Во медиумите многу се пишува дека Ањели има намера да го врати Алегри. Враќање на Алегри веројатно би значело дека Роналдо ќе го напушти клубот затоа што имаше незадоволство помеѓу италијанскиот стратег и Португалецот.
Инаку, Алегри го запишал детето во училиште во Торино за наредната година што крена прашина и веднаш почна да се најавува негово враќање.