Дома Фудбал Италија Пирло: Враќањето на Погба во Јуве нема да ме изненади, ме изненади враќањето на Бонучи!

Пирло: Враќањето на Погба во Јуве нема да ме изненади, ме изненади враќањето на Бонучи!

Легендарниот италијански играч за врска, Андреа Пирло изјави дека нема да биде изненаден ако ѕвездата на Манчестер Јунајтед Пол Погба се врати во Јувентус.

Пирло истакна дека го изненадило враќањето на Бонучи, но тврди дека „бјанконерите“ сакаат во тимот да ги имаат најдобрите фудбалери.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


„Враќањето на Бонучи ме изненади, бидејќи не мислев дека ќе се врати после само една сезона во Милан. Меѓутоа Јувентус ги сака најдобрите фудбалери, а Лео е најдобриот на таа позиција“, смета Пирло.

„Враќањето на Погба нема да ме изненади, бидејќи Јуве ги сака најдобрите. Ако некој замине, тоа не значи дека никогаш повеќе не може да се врати“, заклучи Пирло.

Се погласни се шпекулациите дека Погба сака да го напушти Манчестер Јунајтед и да се врати во Торино, каде ја доживеа својата фудбалска афирмација.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Пиоли заминува, Милан спреми список од три имиња

Tимот на Милан нема баш најдобри резултати сезонава, па поради тоа започнува да се тресе и…