Легендата на Арсенал, Роберт Пирес вели дека продолжувањето на договорот со Алексис Санчез и Месут Озил треба да биде само почеток на летото за лондонскиот клуб.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Постојат шпекулации дека двајцата клучни играчи би можеле да го напуштат клубот ова лето, а Пирес верува дека клубот може да ги задржи двајцата, но и дека мора да доведе големи засилувања.
„Ова лето е многу важно за Арсен Венгер. Јас мислам дека мора да ги продолжи договорите со Алексис и Озил. Тоа е првото нешто, а потоа мора да доведе и засилувања. Се се промени, бидејќи не играме ЛШ, но мораме да се концентрираме на новата сезона. Најважно е да ја освои Премиер лигата, за него, за навивачите и за играчите. Јас верувам во Венгер, верувам во тимот, верувам во младите како што се Ивоби и Белерин“, изјави Пирес.
Постојат шпекулации дека Арсенал е заинтересиран за Лаказет, Лемар и Мбапе.