Дома Фудбал Пиоли уште во октомври побарал специјална клаузула за ЛШ

Пиоли уште во октомври побарал специјална клаузула за ЛШ

Тренерот на Милан, Стефано Пиоли е првиот кој верувал дека „росонерите“ можат да ја освојат Лигата на шампиони оваа сезона.

Милан се пласира во полуфиналето од Лигата на шампиони и за да ја оствари таа цел најпрво треба да го елиминира Интер, а потоа да победи против подобриот од дуелот Реал Мадрид – Манчестер Сити.

„Газета дело Спорт“ пренесува дека Пиоли во октомври при потпишувањето на новиот договор побарал да биде вклучена клаузула за бонуси при освојување на ЛШ.

Па така при триумф на „росонерите“ во Лигата на шампиони, Пиоли може да добие бонус до 500.000 евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ромарио удри по Анчелоти: Бразил не смее да жртвува уште едно Светско!

По поразот од Јапонија со 3:2, Ромарио побара селекторска смена. Анчелоти има договор до м…