Тренерот на Милан, Стефано Пиоли ја коментираше слабата форма на тимот во последно време.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Утре Милан ја пречекува Црвена Звезда во реванпот во Лига Европа, откако во првиот меч одиграа 2:2.
„Слаба форма? Имавме тежок пат додека стигнавме до тука, па тоа е нормално. Сега ни претстои утрешниот предизвик и мислам дека имаме добар резултат од првиот меч. Сепак, треба да покажеме квалитет за да се пласираме во следната фаза“, изјави Пиоли.
„Имаме голема желба да се рестартираме и сакаме да го направиме тоа уште утре. Свесни сме за нашиот квалитет, но мал пад на формата е нормален. Сакаме да играме одличен фудбал и да остваруваме резултат. Ги анализиравме изминатите натпревари и го знаеме грешките“, додаде Пиоли.