Дома Фудбал Италија Пиоли: Скудето? Ова е се уште „лажна“ табела

Пиоли: Скудето? Ова е се уште „лажна“ табела

Милан синоќа го победи Емполи со 1:0 и ја зголеми предност пред Интер на пет бода на табелата.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Интер денес игра против Торино, а има и еден заостанат натпревар против Болоња, па поради тоа Пиоли оваа табела ја нарече „лажна“.

„Секогаш мораме да го сметаме нашиот следен натпревар за најважен. Ние сме на врвот и мора да гледаме натпревар по натпревар. Пласманот изгледа добро, но е виртуелен бидејќи има тимови со помалку одиграни натпревари. Мислам дека ќе беше фер доколку сите одиграа ист број натпревари, но ова не е под наша контрола“, изјави Пиоли.

Милан во моментов е лидер во Серија А со 63 бода, пет повеќе од вториот Интер и шест во однос на Наполи, а седум во однос на четвртиот Јувентус. Но „росонерите“ имаат два натпревари повеќе од Интер и еден повеќе од Наполи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Мурињо даде „зелено светло“ за големо засилување на Реал Мадрид!

Реал Мадрид ова лето би можел да се впушти во реализирање уште еден голем трансфер, а во ц…