Дома Фудбал Италија Пиоли не ја затвори вратата за Ибрахимовиќ

Пиоли не ја затвори вратата за Ибрахимовиќ

Милан ги минува едни од најтешките моменти во својата историја и во овој момент се наоѓа на 14-тата позиција во Серија А.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Паоло Малдини и Звонимир Бобан се обидуваат да го доведат Златан Ибрахимовиќ кој сигурно би бил големо засилување, како во нападот, така и како лидер во соблекувалната. „Росонерите“ на 38 годишниот напаѓач му понудија шест милиони евра за 18 месеци.

Со свој коментар за евентуалниот трансфер сега се огласи и тренерот на италијанскиот гигант, Стефано Пиоли.

„Веќе посочив дека Ибрахимовиќ е голем шампион поради неговите технички квалитети, но и поради неговиот професионализам и карактер. Но, во моментов размислувам само на утрешниот меч со Наполи, ќе видеме што ќе донесе пазарот“, истакна Пиоли.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Ливерпул го финализира трансферот на францускиот талент, кој го договори уште зимата

Ливерпул официјално го привлече централниот бек на Рен Жереми Жаке за сума од 60 милиони ф…