Милан синоќа уште еднаш ги разочара навивачите и пред преполниот „Сан Сиро“ одигра реми без голови против Емполи.
Милан сега го доведе во прашање пласманот во Топ 4, а тренерот Пиоли не го криеше разочарувањето од резултатот.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Сепак, тој истакна дека е задоволен од играта на својот тим и едноставно морало да победат.
„Тоа сигурно не е резултатот што го посакувавме и повеќе ни е жал за првото полувреме кога можевме да притиснеме повеќе. Во второто направивме се што требаше да направиме за да победиме, но топката едноставно не сакаше да влезе. Резултатот е негативен, но не и нашиот перформанс“, изјави Пиоли.
„Помина долго време откако не сме играле со ваков интензитет, фокус и енергија. Разочаран сум, ние сме Милан и мора да го победиме Емполи на домашен терен“, додаде Пиоли.