Mилан утре го игра натпреварот против Лацио од четвртфиналето во Купот на Италија.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Златан Ибрахимовиќ во овој момент се опоравува од повредата на ахиловата тетива и ќе го пропушти тој натпревар. Се уште не е јасно кога Ибрахимовиќ ќе биде спремен да се врати.
„Во овој момент Златан е како лав затворен во кафез, тој има мотивација и амбиција да помогне на тимот на терен. Се надевам дека брзо ќе се врати. За утре нема да биде подготвен ќе видиме што ќе биде за натпреварот потоа“.
Додека Ибра е надвор од терените одлични настапи прикажува Жиру.
„Жиру ја докажува својата вредност и го прави тоа што се бара од него. Тој е одличен фудбалер и човек. Значи многу за нашиот тим“, изјави Пиоли.