Дома Фудбал Италија Пиоли: Ибрахимовиќ не е расист и да ставиме точка на тоа!

Пиоли: Ибрахимовиќ не е расист и да ставиме точка на тоа!

Тренерот на Милан, Стефано Пиоли ја коментираше случката со Ибрахимовиќ за време на дербито со Интер.

Ибра и Лукаку влегоа во вербална расправија, па за малку беше избегната голема физичка пресметка помеѓу корпулентните напаѓачи.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Помеѓу другото Ибрахимовиќ му дофрлил на Лукаку да оди да си ги прави своите вуду глупости, по што многумина го осудија Швеѓанецот за расизам.

„Ибра жали за црвениот картон, но е спремен за утре. Тоа што се случи не е убаво, но такви работи се случуваат на терените. Ибра со сигурност не е расист и треба да ставиме точка на таа тема. Милан секогаш бил на прва линија во борбата против било какви дискриминации“, изјави Пиоли.

Ибрахимовиќ доби суспензија од еден натпревар поради расправијата, но тоа ќе важи само во Куп натпреварите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Англичаните стравуваат: Кејн се мачи со повреда пред Европското првенство

Напаѓачот на англиската репрезентација и Баерн Минхен Хари Кејн (30) мака мачи со повреда …