Дома Фудбал Италија Пиоли бесен поради грешките во одбраната

Пиоли бесен поради грешките во одбраната

Тренерот на Милан, Стефано Пиоли после загубата од Интер во градското дерби имаше големи замерки поради играта во одбраната.

„Во првото полувреме, нашата стратегија функционираше многу добро. Можеби заслуживме да поведеме и повеќе од 2:0. За жал, тие два момента во кои моравме да играме многу подобро го сменија текот на натпреварот. Фактот што примивме два гола за три или четири минути стана пресуден“.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


„Интер е многу поискусен тим од нас. Тие се многу поискусни во играњето на вакви натпревари. Затоа, тие беа во можност да се вратат. Јас сум лут на моите играчи поради играта во одбрана и што не ги исполнија обврските и затоа бевме казнети“, истакна Пиоли.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Ливерпул се откажа од Алонсо, замената за Клоп ја најде во Португалија!?

Откако Јирген Клоп јавно објави дека на крајот од сезоната ќе ја напушти клупата на Ливерп…