Дома Фудбал Пике со коментар за оставката на Бартомеу: Одевме само надолу

Пике со коментар за оставката на Бартомеу: Одевме само надолу

Заменик капитенот на Барселона, Жерард Пике ја коментираше оставката на претседателот Жосеп Бартомеу.

„Важно беше да има промена, бидејќи е очигледно дека од година во година одиме само надолу. Клубот е таков каков што е. Се наоѓаме во период на промени“, изјави Пике.

„Овој тим има потреба од време, но исто така знаеме дека Барса никогаш не ти дава многу време и секогаш треба да се победува. Доаѓаат нови избори, ќе има нов Борд на директори и промената е важна за клубот да почне да оди на подобро“, додаде Пике.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Јувентус има нов голман

Бразилскиот фудбалски голман Норберто Нето потпиша договор со Јувентус кој важи до крајот …