Дома Топ вести Пет работи кои не ги знаете за Еден Азар

Пет работи кои не ги знаете за Еден Азар

Од Примера ја искористија паузата во шпанскиот фудбал за да се осврнат подетално на ѕвездата на Реал Мадрид – Еден Азар.

Скапото засилување на „кралевите“ оваа сезона не играше во многу натпревари поради големиот број на повреди, но со сигурно со своите квалитети може многу да допринесе на играта на тимот. Ова се пет работи од неговиот живот, кои веројатно не ги знаете.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Дава голови уште пред раѓањето

Еден Азар е од фудбалско семејство, па и неговите помали браќа Торган, Килиан и Етан исто така се фудбалери. Татко му Тиери и мајка му Карин исто така играле професионално фудбал како млади. Карин играла во првата лига во Белгија и ја стопирала кариерата кога била бремена во третиот месец, а до тогаш со Еден во стомакот ги тресела противничките мрежи.

Зидан е неговиот идол од детството

Зинедин Зидан сега му е тренер на Азар во Реал Мадрид, меѓутоа Белгиецот како дете расте со восхит кон Зизу и имал дрес со името на Зидан. Францускиот тренер исто така не крие дека е симпатизер на Азар многу пред тој да дојде во Мадрид.

Азар е најмалиот „Фудбалер на годината во Лига 1“

Еден Азар два пати го доби признанието за најдобар фудбалер во Лига 1 за време на неговиот престој во Лил. Во сезоната 2010/11 тој има едвај 20 години кога ја добива таа награда. Следната сезона признанието повторно заврши во неговите раце.

Еден е фан на Њујорк Никс

Покрај што го сака фудбалот, Азар е голем фан и на кошарката. Редовно гледа натпревари од НБА и кога може патива во САД за во живо да ги гледа натпреварите. Белгиецот има и свој омилен тим, а тоа е Њујорк Никс.

Има акции во Сан Диего 1904

Долги години Азар игра фудбал на високо ниво и тоа му овозможи за навлезе во бизнисот како сопственик на клуб. Тој заедно со Демба Ба се меѓу основачите на американскиот Сан Диего ФЦ, формиран во 2016 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Ракун прекина фудбалски натпревар🎥

На мечот од МЛС меѓу Филаделфија Унион и Њујорк Сити, ракун се појави на теренот. Фудбалер…