Седницата на највисокото тело на КФСМ, ќе се одржи денеска, од 12.часот, во хотелот „Александар Палас“ во Скопје
Врз основа на член 20 од Статутот, денеска во Скопје, ќе биде одржана седница на Собранието на Македонската кошаркарска федерација.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Освен стандардните процедури кои ги предвидува дневниот ред кои се поврзани со избор на работно претседателство, верификациска и кандидациска комисија, како и оверувачи на записникот, во првиот дел од собирот во хотелот „Александар Палас“ во Скопје, ќе следува и извештајот за работата на федерација за 2022 година, вклучително и извештајот за финансиското работење на федерацијата за изминатата календарска година.
Седницата ќе има и изборен карактер, односно, делегатите на Собранието ќе треба да констатираат и престанокот на функцијата претседател, по што ќе се пристапи кон процедурата која предвидува избор на претседател на КФСМ, избор на членови на Управен одбор на федерацијата, како и Надзорен одбор.
Засега според најавите актуелниот претседател, Перо Антиќ немада има противкандидат и ќе добие нов мандат.