Дома Фудбал Италија Пероти ги смирува страстите: Наинголан само се шегуваше!

Пероти ги смирува страстите: Наинголан само се шегуваше!

Навивачите на Рома ова лето се непријатно изненадени од политката на клубот бидејќи клубот го напуштија неколку важни фудбалери на „волчицата“.

Во текот на вчерашниот ден беше потврдено дека Антонио Рудигер ја напушта Рома и дека својата кариера ќе ја продолжи во Челзи. Потоа на Инстаграм се огласи Кевин Стротман кој му посака среќа на својот долгогодишен соиграч, но исто така напиша и дека се надева дека тој е последниот играч кој го напуштил клубот ова лето.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Но, голема „прашинa“ се крена помеѓу навивачите на Рома кога коментар остави Раџа Наинголан кој коментираше „Не знам баш“. Многумина ова го пртолкуваа како знак дека Белгиецот ќе ја напушти Рома лето, сепак денес се огласи Диего Пероти кои ги смири страстите.

„Го познавам Раџа, скоро две години и знам дека сака да се шегува на овој начин. Неговиот коментар беше шега и не треба сериозно да го сфаќате сериозно. Тоа се шеги помеѓу нас и нема потреба за паника“, изјави Пероти.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Јувентус покажа големина и му ја честиташе титулата на Интер

Интер вчера ја освои шампионската титула во Италија, по 20-ти пат во својата историја, а т…