Дома Фудбал Перез поради „Бернабеу“ бара позајмица од 500 милиони евра!

Перез поради „Бернабеу“ бара позајмица од 500 милиони евра!

bernabeu

Флорентино не се откажува од својата цел.

Сопственикот на Реал Мадрид е одлучен во својата намера да го реконструира „Сантиаго Бернабеу“. Откако му пропадна работата со инвестиционата компанија која имаше намера да вложи 400 милиони евра за откуп на правата на име на стадионот.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Како што пренесуваат шпанските медиуми, Перез има намера да позајми помеѓу 400-500 милиони евра и во целост да го реновира стадионот.

Во склад со новиот статут на клубот Флорентино за ваков потег мораше да бара дозвола за акционерите. Откако ја доби сега останува градот на потврди одлуката пред да започне со реализиација. Пред тоа, Перез се очекува да изнесе разумен план за да му биде дозволена огромна позајмица од градот.

Проектот за реновирање на стадионот е стар неколку години и веќе долго време се чека на почеток за работите. Наводно за Перез е од голема важност да го заврши проектот во неговиот мандат.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

„Златната копачка“ на Дарко Панчев изложена во музејот на Црвена Звезда

Европскиот шампион и легендарен напаѓач на Црвена звезда – Дарко Панчев ѝ ја подари „Златн…