Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез истакна дека не сака неговиот клуб некои натпревари да ги игра во Америка.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Ла Лига претходно склучи договор со медиумската компанија Релевент според кој некои првенствени натпревари ќе бидат одиграни на американско тло.
Сепак, првиот човек на мадридскиот клуб тврди дека тие не се спремни да играат на друго место освен во Шпанија.
„Не сакаме да играме во САД. Не знам чиј е интересот да се игра таму, но не е во интерес на клубовите и навивачите, затоа го отфрламе ова како можност.“
Барселона и Гирона би требало во јануари да играат во Мајами. Ќе видиме дали некој од каталонскиот клуб ќе реагира.